УТРО.мк

СВЕТОТ ВО ШОК: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ ПО НАСИЛНОТО ЗАДУШУВАЊЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН – МРТВИ ЛУЃЕ ЛЕЖАТ НАСЕКАДЕ ПО УЛИЦИТЕ

СВЕТОТ ВО ШОК: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ ПО НАСИЛНОТО ЗАДУШУВАЊЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН – МРТВИ ЛУЃЕ ЛЕЖАТ НАСЕКАДЕ ПО УЛИЦИТЕ
Vero

На социјалните мрежи и онлајн платформите интензивно се шират вознемирувачки видеа од Иран, за кои се тврди дека прикажуваат голем број вреќи со тела во форензички објект јужно од Техеран.
Снимките ги објави Вахид Онлајн, интернет платформа и активистички канал познат по документирање на случувањата поврзани со протестите во земјата.

Според наводите, видеата се направени во форензичкиот центар Кахризак, каде, како што се тврди, биле донесени телата на лица загинати за време на насилното задушување на протестите.


Авторите на објавите наведуваат дека станува збор за цивили кои настрадале за време на интервенциите на безбедносните сили, но овие информации засега не се официјално потврдени од иранските власти. Надлежните институции во Иран не излегоа со официјално соопштение за автентичноста на снимките ниту за бројот на жртвите.


Меѓународни организации за човекови права претходно повеќепати изразија загриженост за употребата на сила врз демонстрантите, како и за ограничениот пристап до независни информации од терен. Според нив, состојбата во земјата е тешко проверлива поради рестрикциите за медиумите и интернетот.


Ситуацијата во Иран и понатаму е предмет на внимание на меѓународната јавност, додека се очекуваат реакции и повици за независна истрага за настаните поврзани со протестите и можните жртви

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран