УТРО.мк

Состанок што ќе го следи целиот свет: Путин, Трамп и Кси во Кина во ноември?

Состанок што ќе го следи целиот свет: Путин, Трамп и Кси во Кина во ноември?
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг би можеле да одржат трилатерална средба во Кина во ноември, во рамки на самитот на АПЕК.

Трамп го потврдил своето учество на самитот на Азија-Пацифик економската соработка (АПЕК), кој ќе се одржи во Кина во ноември. Претходно, Кремљ соопшти дека и Путин ќе присуствува на самитот.

Со присуството на двајцата лидери, како и на кинескиот претседател Кси Џинпинг како домаќин, се отвора можност за заедничка средба на тројцата државници.

Можната трилатерална средба би можела да се одржи во ноември, но засега не е официјално потврдено дека состанокот е дефинитивно договорен.

Доколку се реализира, средбата би била значаен дипломатски настан, имајќи предвид дека би ги обединила лидерите на трите големи светски сили – САД, Русија и Кина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран