УТРО.мк

Путин: Бевме подготвени да ги продолжиме преговорите, но нападот врз Москва ја промени ситуацијата

Путин: Бевме подготвени да ги продолжиме преговорите, но нападот врз Москва ја промени ситуацијата
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва била подготвена да го продолжи дијалогот со Киев по завршувањето на парламентарните избори во Русија, но дека, според неговите тврдења, украинските напади ја промениле ситуацијата.

Путин тврди дека Украина се обидела да ја нападне Москва и да го наруши изборниот процес, оценувајќи дека таквите потези не придонесуваат за продолжување на преговорите.

Рускиот претседател порача дека Киев треба да разбере дека натамошното зголемување на тензиите нема да доведе до подобрување на неговата позиција, туку до дополнително влошување на состојбата.

„Киев мора да разбере дека ниту една провокација нема да ја подобри неговата позиција“, рече Путин, додавајќи дека Москва ќе одговори на нападите врз руската инфраструктура.

Според Путин, руската реакција на украинските напади била доволно силна за Киев да побара прекин на огнот. Овие тврдења доаѓаат во период кога двете страни продолжуваат со меѓусебни воздушни напади врз инфраструктурни цели.

Русија претходно објави дека во последниот ден од парламентарните избори бил извршен голем напад со дронови врз московскиот регион, при што руските власти соопштија дека биле соборени повеќе од 1.600 дронови, од кои околу 450 биле насочени кон Москва. Украина официјално не го коментираше нападот.

Путин истовремено ги отфрли тврдењата дека Русија се подготвува за конфликт со Европа.

„Москва не се подготвува за војна со Европа и нема причина за таков конфликт“, порача рускиот претседател.

Тој ги оцени изјавите за наводна руска закана и повиците за подготовка за војна како, како што ги нарече, намерна ескалација и провокација.

Според Путин, дел од европските држави се обидуваат да ја искористат Украина во конфликтот со Русија со цел да го ограничат развојот на Москва.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран