УТРО.мк

Шпанија најавува бојкот на Евровизија ако учествува Израел

Шпанија најавува бојкот на Евровизија ако учествува Израел
Vero

Шпанија ќе го бојкотира следното издание на Евровизија доколку во натпреварот учествува Израел, изјави во понеделник шпанскиот министер за култура, Ернест Уртасун, приклучувајќи се на други европски земји кои веќе најавија повлекување.

„Мора да се осигураме дека Израел нема да учествува на следното издание на Евровизија. Како што веќе постапија Ирска, Словенија, Исланд и Холандија, ако не успееме Израел да го исклучиме, Шпанија нема да учествува“, изјави Уртасун за шпанскиот државен радио.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран