УТРО.мк

Се урна под на стан во Париз за време на забава – десетици повредени

Се урна под на стан во Париз за време на забава – десетици повредени
Vero

Во Париз, главниот град на Франција, подот на еден стан се урна додека траеше приватна забава, при што бројни гости се здобиле со повреди, јави Макфакс со објава од светската хроника.


Инцидентот се случил во 11. арондисман, каде подот на петтиот кат од станбена зграда попуштил и се урнал врз станот на четвртиот кат, во момент кога внатре биле околу 50 гости на прослава.


Според извештаите на пожарникарите, позначителни повреди имале 20 лица, а едно лице доживеало тешка повреда со срцев застој. Останатите 19 гости имале полесни повреди и биле пренесени во болница.


На местото на настанот интервенирале голем број пожарникари и итни служби, кои ги извлекле повредените и ги обезбедиле соседните станови. Поради опасност од понатамошни оштетувања, целата зграда, како и две блиски згради, биле евакуирани.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран