УТРО.мк

Се урна мост во Индија – голем број загинати [ФОТО]

Се урна мост во Индија – голем број загинати [ФОТО]
Vero

Урнат мост во Индија: Деветмина загинати, неколку возила завршиле во река

Во округот Падра, во индиската сојузна држава Гуџарат, рано утрово се урна дел од мостот Гамбхира-Мујпур што се издига над реката Махисагар (Махи), при што загинаа девет лица, а тројца се повредени. Неколку возила паднале во реката, јавуваат индиските медиуми.

Според извештаите на NDTV, конструкцијата на мостот, кој ги поврзува регионите Ананд и Вадодара, попуштила за време на утринскиот сообраќаен метеж.

Првичните информации укажуваат дека четири возила – меѓу нив два камиони, теренско возило и еден пик-ап – се движеле по мостот кога ненадејно се срушил дел од структурата. Очевидци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнал гласен звук, сличен на пукање метал.

Локалните жители предупредувале со години дека мостот претставува опасност, обвинувајќи ги надлежните служби за негрижа. Тие велат дека оваа сообраќајна артерија, која е клучна врска меѓу централниот дел на Гуџарат и областа Саураштра, била оставена без одржување подолг период.

„Мостот Гамбхира одамна не е само ризик за сообраќајот – тој стана познат и како место на самоубиства. Сите предупредувања за неговата нестабилна состојба беа игнорирани“, изјави еден од мештаните.

На местото на несреќата веднаш пристигнаа противпожарни тимови, полицијата и службени лица од окружната администрација на Вадодара, кои започнаа со спасувачка операција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран