УТРО.мк

Санкциите на САД ја погодуваат Куба: Авиокомпаниите прекинуваат летови поради недостигот на нафта

Санкциите на САД ја погодуваат Куба: Авиокомпаниите прекинуваат летови поради недостигот на нафта
Vero

Хавана е на работ на енергетска блокада откако Соединетите Американски Држави го запреа извозот на нафта кон Куба, предизвикувајќи недостиг на гориво за авионите и сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Кубанските власти предупредија дека од утре до 11 март авио‑гориво ќе биде многу ограничено, што го става туристичкиот сектор под голем притисок.

Неколку меѓународни авиокомпании веќе се принудени да суспендираат летови кон Куба. Најпогодени се Ер Канада и Вест Џет, кои ги откажаа или презакажаа повеќето летови, оставувајќи стотици туристи привремено заглавени. За да ги врати патниците дома, Ер Канада најави специјални празни „ferry flights“ кон Куба за да ги префрли околу 3.000 патници во Канада. Други превозници како Air Transat, Иберија и Луфтханза исто така се соочуваат со проблеми, па дел од авионите мораат да слетаат во соседни земји за да наполнат гориво.

Ситуацијата е резултат на блокадата на нафтата од Венецуела, која Куба ја добиваше редовно до средината на декември. Сега, под заканите на администрацијата на Доналд Трамп дека ќе санкционира секој кој ѝ помага на Хавана да заобиколи санкциите, кризата дополнително се влошува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран