САД ја предупредија Русија на итен состанок на Советот за безбедност на ОН дека мора да преземе конкретни чекори кон мир и да организира средба со претставници на Украина, во спротивно се закануваат со можни санкции, јавува „Гардијан“.
Состанокот беше свикан по ноќните ракетни напади врз Киев на 28 август, во кои загинаа најмалку 23 лица. Американскиот дипломат Џон Кели оцени дека нападите „ja ставаат под сомнеж сериозноста на руската желба за мир“ и нагласи дека „нападите врз цивилни области мора веднаш да престанат“.
Тој исто така посочи дека претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски мора да се договорат за средба, повторувајќи ја предупредувачката порака на американскиот претседател Доналд Трамп дека можат да следат санкции доколку конфликтот во Украина продолжи.