УТРО.мк

Русија започна големи поморски вежби, ќе учествуваат повеќе од 150 воени бродови и 15.000 припадници на вооружените сили

Русија започна големи поморски вежби, ќе учествуваат повеќе од 150 воени бродови и 15.000 припадници на вооружените сили
Vero

Русија започна големи поморски вежби во четири мориња

Русија денес започна обемни поморски маневри во кои учествуваат повеќе од 150 воени бродови и околу 15.000 припадници на вооружените сили. Вежбата, насловена Јулска бура, се одвива паралелно во Тихиот и Арктичкиот Океан, како и во Балтичкото и Каспиското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Воените активности ќе траат од 23 до 27 јули, а целта е да се провери подготвеноста на руската морнарица за извршување нестандардни борбени операции, користење оружје со долг дострел, како и примена на современи технологии, вклучително и беспилотни системи.

„Посадите на бродовите ќе вежбаат распоредување во борбени зони, изведување противподморнички операции, заштита на зони од економски интерес и обезбедување на сопствените поморски бази“, стои во соопштението.

Дополнително, ќе се симулираат одбрана од воздушни напади, одбрана од непријателски беспилотни летала и пловила, како и напади врз цели и групации на непријателската морнарица.

Во маневрите ќе бидат вклучени и над 120 воени авиони и десет крајбрежни ракетни системи. Руската морнарица ја предводи адмирал Александар Моисеев, кој е именуван за главен командант на вежбата.

Според повеќето глобални рангирања, Русија располага со трета најсилна морнарица во светот, веднаш по Кина и САД. Сепак, флотата претрпе сериозни загуби во контекст на воениот конфликт во Украина, пренесува Reuters.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран