УТРО.мк

Русија со закана: Ќе ја гониме секоја држава која што ќе присвои наш имот

Русија со закана: Ќе ја гониме секоја држава која што ќе присвои наш имот
Vero

Русија во понеделник упати остро предупредување до европските држави дека ќе преземе политички и правни мерки против секоја која ќе се обиде да присвои руски замрзнат имот. Повод за реакцијата е најавата дека Европската унија разгледува можност да ги искористи милијардите долари руски имот за финансирање на одбраната на Украина.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, на „Телеграм“ порача дека таквиот потег би предизвикал долготрајни судски спорови без застарување и пред сите можни национални и меѓународни судови. Тој не исклучи дека одговорот на Москва може да биде и поширок од правни процеси.

Медведев се осврна и на иницијативата „Источна стража“ и на идејата за можна зона на забранети летови над Украина, оценувајќи дека тоа би значело директен судир меѓу Русија и НАТО.

По руската инвазија врз Украина во 2022 година, САД и нивните сојузници замрзнаа меѓу 300 и 350 милијарди долари руски имот, најголем дел во европски депозити. Според „Ројтерс“, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен бара нов модел за користење на тие средства во корист на Киев.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран