УТРО.мк

Русија и Украина извршија размена на заробленици, Москва предаде и тела на загинати украински војници

Русија и Украина извршија размена на заробленици, Москва предаде и тела на загинати украински војници
Vero

Русија и Украина денеска извршија нова размена на воени заробленици, соопшти руското Министерство за одбрана. Во рамки на договорот, Москва му ги предаде на Киев и телата на 1.200 украински војници кои загинале во борбите.

Размената е дел од договорот постигнат на разговорите во Истанбул, одржани на почетокот од месецов. Украинските власти во саботата потврдија дека ги примиле телата на загинатите припадници на својата армија.

Според руските државни медиуми, Русија не добила ниту едно тело на свои загинати војници од Украина како дел од истиот договор. Руската страна соопшти дека предавањето на телата на украинските војници е во согласност со хуманитарните договори постигнати во Истанбул.

Министерството за одбрана на Русија не прецизираше колку заробленици се разменети, но објави видео на кое се гледаат руски војници како носат национални знамиња и слават пред да се качат во автобуси. Според информациите, тие се наоѓаат во Белорусија, каде што им се укажува медицинска помош пред нивното враќање во Русија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран