
Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека секој обид за напад врз Русија или нејзините сили би можел да заврши со употреба на „нуклеарен елемент“, пренесуваат британските медиуми.
Неговите коментари следуваат по претходните изјави на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), која изрази загриженост дека Велика Британија и Франција можеби ќе испорачаат делови за нуклеарна технологија на Украина.
Ден претходно, руското Министерство за надворешни работи излезе со остро предупредување за ризикот од директен судир меѓу државите со нуклеарно оружје. Оваа изјава дојде како последица на тврдењата на СВР, кои, сепак, не беа поткрепени со конкретни докази. Француската амбасада во Москва ги нарече руските обвинувања „очигледна лага“.























