Рускиот претседател Владимир Путин поднесе предлог-закон до Државната дума за ратификација на договорот за стратешко партнерство и соработка со Венецуела, пренесуваат РИА Новости.
Според договорот, потписничките земји се против еднострани санкции кои ја кршат повелбата на ОН и други меѓународни правни норми. Русија и Венецуела ќе соработуваат во контрола и намалување на оружјето, како и во енергетскиот сектор. Договорот предвидува и создавање независна финансиска инфраструктура и зајакнување на соработката во спорт и култура.
Венецуела е под притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која овласти ЦИА да спроведува тајни операции, вклучувајќи и потенцијално смртоносни. Американските бомбардери B-52 кружеле над Венецуела, додека тензиите меѓу Вашингтон и Каракас растат. САД понудија и 50 милиони долари за информации кои би довеле до апсење на претседателот Мадуро по обвиненија за трговија со дрога.