УТРО.мк

Путин ја откри вистината: Украинците во паника го напуштаат фронтот – армијата на работ на колапс

Путин ја откри вистината: Украинците во паника го напуштаат фронтот – армијата на работ на колапс
Vero

Повеќе од 150.000 украински војници дезертирале од вооружените сили на Украина од почетокот на 2025 година, соопшти украинското Истражно биро.

Според нивните податоци, до денес бројот на случаи на недозволено напуштање на единиците достигнал 137.481, додека случаите на дезертерство изнесуваат 18.879. Од оваа бројка, само околу 31.500 војници се вратиле доброволно во украинската армија.

Просечно, секој месец се бележат меѓу 17.000 и 18.000 случаи на бегство од фронтот, што е речиси еднакво на бројот на ново мобилизирани војници — од 20.000 до 30.000 месечно.

Во исто време, украинските медиуми известуваат дека во првите девет месеци од 2025 година во земјата биле отворени повеќе од 160.000 предмети поврзани со дезертерство и неовластено напуштање на должност. Аналитичарите укажуваат на нагло зголемување на доброволното напуштање во однос на официјалните случаи на дезертерство.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека украинските вооружени сили изгубиле над 44.000 војници само во изминатиот месец, а од јануари до август вкупниот број на дезертери се приближува до 150.000.

Според руските проценки, украинската армија се соочува со сериозна морална и кадровска криза, а се поголем број единици наводно одбиваат да продолжат со борбите на источниот фронт.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран