УТРО.мк

Претседарелот на Иран поднесе оставка?

Претседарелот на Иран поднесе оставка?
Vero

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан наводно испратил официјално писмо со оставка до канцеларијата на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во кое изразува загриженост дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) ја презел фактичката контрола врз клучните процеси на управување во државата, јавува „Иран Интернешнл“.

Според информациите објавени од медиумот, повикувајќи се на ирански разузнавачки извор кој зборувал анонимно, во писмото Пезешкијан посочил дека институциите на претседателството се маргинализирани и исклучени од носењето на главните политички и безбедносни одлуки.

Во извештајот се наведува дека вакуумот во управувањето овозможил поголемо влијание на команданти на Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), при што дел од клучните функции во државата, според тврдењата, се префрлени под нивна директна контрола.

Истите извори посочуваат дека постојат сериозни несогласувања меѓу претседателот и високи функционери на ИРГЦ, особено околу начинот на управување со безбедносните и воените прашања, како и економските последици од актуелните состојби.

Засега нема официјална потврда од иранските институции за наводната оставка, ниту за содржината на писмото, додека медиумските извештаи остануваат базирани на анонимни извори.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран