УТРО.мк

Пресретнат товарен брод со 30 тони кокаин во Шпанија

Пресретнат товарен брод со 30 тони кокаин во Шпанија
Vero

Шпанските власти соопштија дека во акција спроведена во близина на западноафриканските брегови е запленета историски најголемата количина кокаин досега откриена во една единствена пратка од околу 30 тони.

Дрогата била пренесувана со товарен брод, кој бил пресретнат во заедничка операција на шпанските служби во координација со американските агенции и полицијата од Холандија. Според судските власти, оваа заплена претставува без преседан во светските рамки, како по обем така и по организираност на шверцерската мрежа.

Проценетата вредност на конфискуваната пратка надминува 812 милиони евра, што дополнително ја нагласува големината на случајот, соопштија надлежните од Канарските Острови.

По завршувањето на операцијата, судијата на Канарските Острови одреди притвор за сите 23 членови на екипажот на бродот, кои се осомничени за учество во транспортот на огромната количина кокаин.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран