
Војната во Украина повторно го става енергетскиот сектор на удар. Нафтоводот „Дружба“, кој децении ја снабдува Источна Европа со руска нафта, останува недостапен за Унгарија и Словачка, а неговото брзо враќање во функција изгледа далечно.
Претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија за сериозните оштетувања: цевководот што од Одеса води кон Европа бил погоден во напад, кој според него не е изолирано дејство, туку дел од долготрајна стратегија против украинскиот енергетски систем.
Од друга страна, Будимпешта и Братислава ја обвинуваат Украина за прекинот, тврдејќи дека Киев намерно ја одложува повторната работа на важната рута што ги снабдува нивните економии уште од 1960-тите.























