УТРО.мк

Полскиот министер Сикорски: „Путин се потсмева на Трамп, време е тој да сфати“

Полскиот министер Сикорски: „Путин се потсмева на Трамп, време е тој да сфати“
Vero

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека „крајно време е претседателот Доналд Трамп да сфати дека Владимир Путин се потсмева на него“. Во интервју за американската телевизија PBS, тој нагласи дека, наместо примирје и вистински мировни преговори што се очекуваа пред самитот во Алјаска, Москва испратила уште повеќе беспилотни летала – најнапред во Украина, а сега и во НАТО.

Изјавата следи по коментарот на Трамп, кој завчерашниот инцидент со руските дронови што навлегоа длабоко во полскиот воздушен простор го опиша како „можна грешка“.

„Немам ништо добро да кажам за целата ситуација, се надевам дека ќе заврши, но можеше да биде грешка“, изјави Трамп, пренесе Kiev Post. Овој став предизвика негодување во Полска и меѓу европските сојузници, кои упадот го оценија како намерна провокација и нова ескалација на војната.

Сикорски на социјалните мрежи кратко реагираше: „Не, тоа не беше грешка“.

Според воени аналитичари, нападот претставува тест за Алијансата. Пензионираниот американски полковник Ричард Вилијамс изјави за Kiev Post дека станува збор за намерен потег на Москва, кој отвора прашања за политичката волја на НАТО: „Едно е да се има капацитет, друго е да се има волја да се одговори“.

Јуриј Бојечко од организацијата „Надеж за Украина“ додаде дека Путин ја гледа слабоста на Западот: „Поради Трамп, НАТО и САД изгледаат немоќни. Путин неказнето преминува една црвена линија по друга“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран