УТРО.мк

Полска подигна борбени авиони поради руската активност близу границата со Украина

Полска подигна борбени авиони поради руската активност близу границата со Украина
Vero

Полските воздухопловни сили беа активирани во текот на ноќта како одговор на интензивирана руска воена активност во близина на украинско-полската граница, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Република Полска.

„Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и копнениот радарски надзор се ставени во состојба на висока готовност“, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Оперативната команда, а пренесено од руските агенции.

Полската армија нагласува дека преземените мерки имаат за цел да ја обезбедат безбедноста на териториите што граничат со Украина.

Од руското Министерство за одбрана повеќепати посочија дека летовите на руските воени авиони се изведуваат строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран