УТРО.мк

Политико: Европската унија има пет години да се подготви за можен воен конфликт

Политико: Европската унија има пет години да се подготви за можен воен конфликт
Vero

Земјите од Европската унија имаат пет години да изградат доволно силен одбранбен систем што ќе може веродостојно да ги одврати потенцијалните противници и да одговори на секоја форма на агресија, стои во нацрт-планот за европска безбедност до кој дошол бриселскиот портал „Политико“.

Според документот, кој денес треба да го презентира Европската комисија, до 2030 година Европа мора да биде подготвена за можен воен судир, а планот за одбранбена подготвеност 2030 претставува јасен сигнал за растечката улога на ЕУ во областа на одбраната.

Планот бил разгледан од министрите за одбрана во текот на вчерашната вечер, пред да биде доставен до европските комесари, а потоа и до лидерите на земјите-членки следната недела.

Во документот се нагласува дека воената агресија на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, како и неизвесната посветеност на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, ја поттикнале ЕУ да преземе поактивна улога во одбранбената политика.

„Милитаризирана Русија претставува трајна закана за европската безбедност во догледна иднина“, се наведува во документот, кој првично го објави Блумберг.

И покрај зголемувањето на воените буџети во повеќето земји-членки, трошоците и понатаму остануваат фрагментирани и претежно национални, што доведува до неусогласеност, повисоки цени и ограничена интероперабилност меѓу армиите на земјите од Унијата.

Европската комисија затоа ги повикува членките да купуваат оружје заедно, поставувајќи цел најмалку 40% од сите набавки на воена опрема да се вршат преку заеднички договори до крајот на 2027 година.

Дополнително, планот предвидува до 2028 година најмалку 55% од набавките на оружје да доаѓаат од компании со седиште во ЕУ и Украина, а до 2030 година тој удел да порасне на најмалку 60%, со цел да се засили европската стратешка автономија и индустриска одбранбена независност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран