Градот Покровск се приближува кон пад, а неговото освојување би им отворило пат на руските сили кон Краматорск и Славјанск, клучни упоришта на украинската армија во Донецката област. Според светските агенции, тоа би можело да стане пресвртница во војната во источна Украина.
Украинските сили започнале организирано повлекување, иако претседателот Зеленски и главниот командант Сирски тврдат дека градот е под контрола. Елитните јуришни бригади 92 и 79 се обидуваат да ги задржат северните пристапи и да спречат пресекување на патиштата за достава на појачување и муниција. Во соседниот Мирноград се водат жестоки борби со руските 1472. и 95. пук. Ако Мирноград падне, украинските позиции на јужните пристапи ќе бидат целосно опколени.
Крајната цел на Русија е продор кон индустриските центри Славјанск и Краматорск, со цел потполна контрола над Донецька област. По Покровск, руските планери би можеле да се обидат за продор кон реката Днепар, што би ја загрозило одбраната во Запорожје и би отворило можност за движење кон Одеса и Придњестровје. Сепак, украинската армија подготвува резервни сили и утврдени позиции за евентуален понатамошен руски пробив.























