УТРО.мк

Шведска со зголемена загриженост: 50.000 лица поврзани со криминални банди

Шведска со зголемена загриженост: 50.000 лица поврзани со криминални банди
Vero

Според годишниот извештај на Шведската национална полиција, околу 17.500 лица се активни членови на криминални банди, а уште 50.000 се поврзани со насилство и банди. Во споредба со 2024 година, бројот на активни членови се зголемил од 14.000 на 17.500, а поврзаните лица од 48.000 на 50.000.

Шефицата на полицијата, Петра Лунд, нагласува дека превенцијата е клучна, бидејќи спречувањето на криминалот во рана фаза е поважно од само кривично гонење. Новите методи на полицијата довеле до подобро евидентирање, а просечната возраст на членовите е 28 години. Младите под 18 години се помалку застапени, додека 81% се шведски државјани, а 94% се мажи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран