На 06.11.2025 во 20:10 часот на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско. При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.























