УТРО.мк

Пет деца повредени по експлозија на заостаната муниција во Австрија

Пет деца повредени по експлозија на заостаната муниција во Австрија
Vero

Пет деца на возраст од 10 до 14 години се повредени откако експлодирала неексплодирана муниција од Втората светска војна во северниот дел на Австрија.

Инцидентот се случил во близина на селото Санкт Освалд, во регионот Горна Австрија, каде што децата биле на кампување и запалиле логорски оган. Според информациите, муницијата се наоѓала под огништето и експлодирала додека тие престојувале таму.

Децата дошле од друго село во истата покраина, а засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди.

По несреќата, полицијата извршила увид на местото и пронашла уште една експлозивна направа, исто така заостаната од војната. Веднаш била повикана специјализирана единица за деактивирање бомби, која интервенирала на терен.

Надлежните институции започнале истрага за да се утврди како муницијата се нашла на местото каде што бил поставен логорскиот оган.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран