УТРО.мк

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот
Vero

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес, 3 септември, изјави дека словачкиот премиер Роберт Фицо со споредбата за „жаба на дното на бунар“ точно ја опишал неподготвеноста на земјите од ЕУ да ги разберат глобалните случувања.

За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, Фицо ги спореди земјите од ЕУ со „жаба на дното на бунар“ што не може да види што се случува надвор. „Ова е алегорија од словачкиот фолклор. Фицо нагласи дека многумина во ЕУ, слично на оваа жаба, не разбираат што се случува во светот“, изјави Песков во видеообраќање објавено на Телеграм-каналот „Вести“.

Фицо изрази разочарување од неспособноста на ЕУ да одговори на глобалните промени, и покрај, како што рече, целото негово почитување кон Унијата. Тој додаде дека очекува лидерите на ЕУ да го повикаат за да им пренесе детали од разговорите со Путин.

Словачкиот премиер му предложил на Путин формирање заедничка комисија за унапредување на економските врски меѓу двете земји. Тој, исто така, истакна дека Украина не може да стане членка на НАТО и најави дека ќе му пренесе пораки на украинскиот лидер Володимир Зеленски по средбата со Путин, пренесува Танјуг.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран