УТРО.мк

Бугарија до ЕУ: Иницијативата за уставноста на Протоколот е провокација и правен апсурд

Бугарија до ЕУ: Иницијативата за уставноста на Протоколот е провокација и правен апсурд
Vero

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во писмо до европските институции остро реагира на иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за добрососедство, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска.

Георгиев ја нарече иницијативата „непотребна провокација и правен апсурд“, со потенцијално сериозни импликации врз европската перспектива на Македонија. Писмото било испратено до шефовите на европската дипломатија, вклучувајќи ја високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Карта Кос.

„Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра намера, како што постојано инсистира Европскиот совет. Сметаме дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е сите држави да бидат дел од Европската Унија,“ порача Георгиев.

Тој тврди дека иницијативата е координирана со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како изговор за избегнување на обврските кон ЕУ. Дополнително, Софија останува на цврстиот став дека нема да прифати никакви измени на Протоколот од 2022 година, независно од политичките или правните процеси во Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран