УТРО.мк

Песков: Киевскиот режим се распаѓа

Песков: Киевскиот режим се распаѓа
Vero

Европејците покажуваат тенденција и понатаму да го поттикнуваат режимот во Киев да продолжи со војната, додека Американците, судејќи според сè, наклонети се моментално да направат пауза, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

„Ние остануваме отворени за мировен процес и за продолжување на преговорите. Но тој процес не може да се води еднострано – во услови кога киевскиот режим не сака за ништо да разговара, ниту да одговори на поставените прашања,“ нагласи портпаролот на Кремљ.

Тој додаде дека „киевскиот режим има многу гревови“, а дека корупцијата е еден од најтешките.

„Корупцијата е појава што го разјадува киевскиот режим одвнатре. Таму се краде значителен дел од парите што ги добиваат од Европејците и Американците,“ истакна Песков.

Украинските антикорупциски агенции во понеделникот открија дека некои од блиските соработници на претседателот Зеленски биле вмешани во заговор за кражба на околу 100 милиони долари од енергетскиот сектор на Украина.

Агенцијата соопшти дека петмина од седумте осомничени се приведени. Групата е обвинета дека манипулирала со договорите во државната компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“, со цел да извлече мито во висина од 10 до 15 проценти од вредноста на договорите. Според истражителите, преку тајна канцеларија со седиште во Киев, биле испрани околу 100 милиони долари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран