УТРО.мк

Путин го исфрли Лавров од игра? Судбината на најлојалниот човек на Кремљ виси во воздухот

Путин го исфрли Лавров од игра? Судбината на најлојалниот човек на Кремљ виси во воздухот
Vero

Ерата на Сергеј Лавров, најдолговечниот и најпознатиот руски дипломат, изгледа дека се ближи кон својот крај. Човекот кој со децении беше симбол на руската надворешна политика и клучен глас на Кремљ, според дипломатски извори, е на работ на политичка маргинализација.

Во последните недели, Лавров речиси целосно исчезна од јавноста, а неговата улога во најважните дипломатски активности е драстично намалена. Се шпекулира дека неколкупати понудил оставка, незадоволен од својата позиција и од тоа што Владимир Путин сè поретко се консултира со него.

Дополнително, се верува дека Лавров не бил вклучен во подготовките за инвазијата на Украина, што аналитичарите го толкуваат како јасен сигнал дека неговото влијание во Кремљ е во пад.

Некогаш познат по својот непоколеблив став и по прекарот „Господин Њет“, Лавров со години ја бранеше руската политика на меѓународната сцена. Но денес, Путин се потпира на помалку дипломатски и повеќе безбедносно ориентирани личности, оставајќи го Лавров во сенка.

Иако во неодамнешно интервју тој се обиде да ја истакне загриженоста за односите со Западот, неговите зборови не ја променија перцепцијата дека е тргнат на страна. Неговото присуство на меѓународната сцена е речиси незабележливо, а во Москва се погласни шпекулациите дека Лавров ја губи довербата на Путин.

Судбината на шефот на руската дипломатија сега зависи од тоа дали ќе успее повторно да се наметне во Кремљ или ќе остане само сенка на своето поранешно влијание.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран