УТРО.мк

Божиновска: Енергетската ефикасност почнува од училиштата – „Наум Наумовски Борче“ со нов паметен систем

Божиновска: Енергетската ефикасност почнува од училиштата – „Наум Наумовски Борче“ со нов паметен систем
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, со кој се обезбедуваат паметни уреди за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, директорката на училиштето Елизабета Темелковска и претставничката на Шпаркасе Банка, Златица Цивкаровски, која го претстави проектот за донација на современите системи за мониторинг на енергија.

Министерката Божиновска истакна дека ваквите иницијативи се важен чекор кон создавање енергетски свесни генерации и рационално користење на ресурсите од најрана возраст.

– Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци. Со ваквите паметни системи, децата учат што значи одговорно однесување кон енергијата и животната средина, нагласи Божиновска.

Таа додаде дека Министерството ќе продолжи да поддржува проекти кои промовираат рационална потрошувачка, намалување на емисиите и зголемување на одржливоста во јавните институции.

Со поставувањето на новиот систем, училиштето „Наум Наумовски Борче“ стана едно од првите во земјата кое користи интелигентна технологија за следење и оптимизација на енергетската потрошувачка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран