УТРО.мк

Паника над Њујорк: Авионoт на Трамп опасно се приближил до патнички авион

Паника над Њујорк: Авионoт на Трамп опасно се приближил до патнички авион
Vero

Авионoт на американскиот претседател Доналд Трамп на пат кон Велика Британија се најде во опасна ситуација во воздушниот простор над Њујорк, откако се приближил премногу до патнички авион, објави „Блумберг“.

Контролата на летови веднаш реагирала откако забележала дека двата авиона се движат на иста висина и со слична траекторија. Диспечерот веднаш го упатил екипажот на цивилниот авион:

„Сигурен сум дека знаете кој е ова… Спирит 1300, свртете десно 20 степени. Сега!“

Благодарение на брзата реакција, можниот инцидент бил избегнат. Трамп и неговата сопруга Меланија потоа безбедно продолжиле кон Велика Британија, каде што во рамките на официјалната посета со свечена кралска придружба се упатиле со кочија кон замокот Виндзор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран