УТРО.мк

Ова се барањата на Путин – Дали Украина би се согласила?

Ова се барањата на Путин – Дали Украина би се согласила?
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин, според информации на Ројтерс кои се повикуваат на три извори, бара Украина да се откаже од целиот регион Донбас, да ја напушти желбата за членство во НАТО, да остане неутрална и да не дозволи присуство на западни трупи на своја територија.

По средбата со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Путин изразил надеж дека разговорите претставуваат голем чекор кон договор, но деталите од средбата не биле откриени.

Според Ројтерс, Кремљ би сакал во евентуален мировен договор Украина да:

го предаде целиот Донбас (Донецк и Луганск), се откаже од членството во НАТО, остане неутрална, забрани присуство на западни трупи на своја територија.

Руски извори наведуваат дека Путин направил компромис во однос на територијалните барања од јуни 2024 година, кога се бараше од Украина да отстапи и Херсон и Запорожје. Новиот предлог предвидува:

запирање на фронтовската линија во Херсонската и Запорожската област, враќање на делови од Харков, Суми и Днепропетровск.

Украинските власти ги отфрлија овие барања, оценија дека се рамни на предавање и истакнаа дека Донбас е клучна тврдина која ја штити Украина од руски продори.

Претседателот Зеленски нагласи дека Украина не може да се повлече од источните области и дека членството во НАТО не е во надлежност на Русија. Белата куќа и НАТО-алијансата засега не ги коментираа руските предлози.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран