УТРО.мк

Откриени детали за убиството на Чарли Керк – мотивот: „Доста ми е од неговата омраза“

Откриени детали за убиството на Чарли Керк – мотивот: „Доста ми е од неговата омраза“
Vero

Американецот Тајлер Робинсон (22), официјално обвинет за атентатот врз политичарот Чарли Керк, оставил писмена порака во која признал дека го извршил злосторството, соопшти Обвинителството во Јута.

Според истрагата, пораката била пронајдена од неговиот цимер и воедно партнер, а во неа Робинсон напишал: „Имав можност да го елиминирам Чарли Кирк и ќе ја искористам.“ Во последователни пораки, тој признал дека го застрелал поради „неговата омраза“ и дека нападот го планирал повеќе од една недела.

Робинсон се соочува со обвиненија за тешко убиство, употреба на огнено оружје, влијание врз сведоци и прикривање на докази. Тужителите најавија дека ќе бараат смртна казна.

Убиството се случи на 10 септември, додека Керк држеше говор на Универзитетот Јута Вели. Осомничениот беше уапсен по 33-часовна потрага.

Истрагата утврдила дека неговата ДНК е пронајдена на оружјето, а дека тој му наредил на партнерот да ги избрише пораките и да молчи пред полицијата, што доведе до дополнителни обвиненија.

Робинсон засега не се изјаснил за својата вина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран