УТРО.мк

Откриена урбенесната причина за доцнењето на Трамп и новата јапонска премиерка – откриено што правеле цели 8 минути

Откриена урбенесната причина за доцнењето на Трамп и новата јапонска премиерка – откриено што правеле цели 8 минути
Vero

Првиот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и новата јапонска премиерка Санае Такаичи во Токио беше одложен поради необичен, но забавен повод – двајцата гледале бејзбол натпревар.

Премиерката се извинила на присутните, објаснувајќи дека задоцниле бидејќи го следеле мечот меѓу ЛА Доџерс и Торонто Блу Џејс, во кој Доџерс победил со 1:0. Натпреварот бил особено интересен за Јапонците, бидејќи тимот го предводи нивниот ѕвезден фрлач Шохеј Охтани.

Самитот бил одложен за околу осум минути. И Трамп и Такаичи се познати љубители на бејзбол – тој навива за Њујорк Јенкис, а таа за Ханшин Тајгерс.

Трамп ја пофали Такаичи како прва жена премиер во историјата на Јапонија, додавајќи дека очекува „фантастично партнерство“ меѓу двете земји.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран