УТРО.мк

Орбан најавува: Унгарија ќе ја прогласи „Антифа“ за терористичка организација

Орбан најавува: Унгарија ќе ја прогласи „Антифа“ за терористичка организација
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека Унгарија ќе го следи примерот на американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го означи левото антифашистичко движење „Антифа“ како терористичка организација.

„Антифа“ претставува децентрализирана мрежа на екстремно левичарски активистички групи кои се спротивставуваат на фашизмот и неонацизмот, особено за време на протести. Иако станува збор повеќе за идеологија отколку за формална организација, дел од групите користат насилни тактики.

Орбан ја поддржа одлуката на Трамп да ја прогласи „Антифа“ за терористичка организација во САД и истакна дека е време и во Унгарија слични организации да добијат таква класификација.

Премиерот се осврна и на инцидентот од 2023 година во Будимпешта, кога антифашистички активисти нападнаа учесници на годишен настан на крајната десница. Меѓу осомничените беше италијанската активистка и европратеничка Иларија Салис, која помина повеќе од една година во притвор, пред да биде ослободена и да добие имунитет како член на Европскиот Парламент. Унгарските власти продолжуваат да бараат нејзино враќање за судење, за што се бара казна од 11 години.

Орбан изрази жалење што Салис е слободна, истакнувајќи дека антифашистите насилно напаѓале мирни граѓани, а потоа како европратеници ја критикуваат Унгарија за владеење на правото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран