УТРО.мк

Опасна закана пристигна од Русија – направете го тоа, и следи војна!

Опасна закана пристигна од Русија – направете го тоа, и следи војна!
Vero

Медведев со закана: „Зона без летови над Украина би значела војна со НАТО“

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведување зона забранета за летови над Украина и евентуално соборување руски дронови од страна на НАТО би значело директен воен судир меѓу Алијансата и Русија.

„Спроведувањето на оваа провокативна идеја значи само едно – војна меѓу НАТО и Русија. Да ги наречеме работите со вистинско име“, напиша Медведев на Телеграм, реагирајќи на најавената операција „Источна стража“ за зајакнување на источните граници на Алијансата.

Тој остро го критикуваше и планот за користење на замрзнатата руска имовина како заем за Украина, нарекувајќи го „кражба“ и заканувајќи се дека Москва ќе ги „прогонува земјите и функционерите на ЕУ до крајот на времето, со сите можни средства“.

Во однос на изјавата на австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, за можни мировни преговори, Медведев ја оцени како „контрадикторна“, потсетувајќи дека неодамна била за членство во НАТО.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран