УТРО.мк

ОН предупредува: Блокадата на Ормутскиот теснец може да предизвика глад на светско ниво

ОН предупредува: Блокадата на Ормутскиот теснец може да предизвика глад на светско ниво
Vero

Светот се наоѓа на работ на сериозна криза со храна доколку во најскоро време не се воспостави непречен поморски сообраќај низ Ормутскиот теснец, предупредува работна група на Обединетите нации. Според нивните проценки, прекинот во транспортните текови на ѓубрива може да остави околу 45 милиони луѓе во ризик од глад.

Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), Мореира да Силва, посочува дека токму овој теснец е една од клучните артерии за глобалната трговија со ѓубрива, преку него нормално се транспортираат значајни количини амонијак, сулфур и уреа, кои се неопходни за земјоделското производство ширум светот.

„Имаме само ограничен прозорец од неколку недели за да спречиме развој на масовна хуманитарна криза“, изјавил да Силва во разговор за АФП, нагласувајќи дека времето за реакција е критично, особено поради сезонските циклуси на сеидба. Во некои африкански региони, тие рокови се веќе пред истекување, што дополнително ја зголемува итноста на ситуацијата.

Најтешките последици, според предупредувањата, би се почувствувале во Африка, но и во Азија, каде што зависноста од стабилни земјоделски ресурси е висока. Експертите стравуваат дека ако причината за прекинот не се отстрани на време, светот ќе биде принуден да се справува со последиците преку долгорочна хуманитарна помош, наместо превенција.

Во својата оценка, работната група на ОН истакнува дека деблокадата на Ормутскиот теснец е клучна за стабилизирање на глобалните синџири на снабдување со храна. Недостигот на ѓубрива во овој чувствителен момент од земјоделскиот циклус, предупредуваат тие, би можел да остави трајни последици врз приносите и безбедноста на храната на светско ниво.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран