Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше тврдењата дека вршел притисок врз украинскиот лидер Володимир Зеленски да му го предаде целиот Донбас на Владимир Путин.
Како што пренесува Russia Today, Трамп изјави дека не предложил предавање на територии, туку замрзнување на конфликтот долж постојните линии на фронтот. „Двете страни треба веднаш да запрат и да си одат дома. Доста е со убивање“, рече Трамп, додавајќи дека „Русија веќе контролира 78% од Донбас“.
Состанокот во Белата куќа, одржан минатата недела, според Фајненшел тајмс, бил напнат — Трамп наводно ја фрлил картата на фронтот и предупредил дека Русија може целосно да ја „уништи“ Украина. Трамп ги отфрли тие наводи: „Никогаш не сме разговарале за тоа.“
Зеленски, пак, изјави дека состанокот бил „добар“, но повтори дека Украина нема да прифати никакви територијални отстапки кон Русија.