УТРО.мк

Одложување на ЕЕС: ЕУ го поместува стартот на системот за септември 2026

Одложување на ЕЕС: ЕУ го поместува стартот на системот за септември 2026
Vero

Почетокот на целосната имплементација на новиот систем за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложен од април за септември 2026 година. Европската комисија објаснува дека одлуката е донесена за да се избегне хаос на границите за време на летната туристичка сезона.

Иако постепената примена на системот започна уште во октомври 2025 година, аеродромите и пристаништата веќе се соочуваат со сериозни проблеми. Патниците од земјите надвор од ЕУ се обврзани да остават биометриски податоци, што драстично го продолжува времето на чекање. Според податоци на ACI Europe, на некои аеродроми времето на обработка се зголемило и до 70%, а во екстремни случаи патниците чекаат и по три часа. Лисабонскиот аеродром во декември дури привремено го суспендираше EES поради редици кои достигнале и до седум часа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран