УТРО.мк

Обвинителството бара смртна казна за убиецот на Чарли Кирк, објавена преписката со неговиот цимер

Обвинителството бара смртна казна за убиецот на Чарли Кирк, објавена преписката со неговиот цимер
Vero

Тајлер Робинсон (22) од Вашингтон, Јута, е официјално обвинет за убиството на познатиот американски десничарски активист и инфлуенсер Чарли Кирк, јави „Скај њуз“.

Обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна, при што како клучен доказ го истакнаа трагите од ДНК на обвинетиот пронајдени на чкрапалото на оружјето.

За време на читањето на обвинението беше објавена и преписката помеѓу Робинсон и неговиот цимер, кој е во романтична врска со него. Во пораките, Робинсон признал дека е одговорен за пукањето и напишал дека „доста му е од омразата“ на Кирк.

Според обвинението, под тастатурата на Робинсон била пронајдена белешка со текст: „Имам шанса да го убијам Чарли Кирк и ќе ја искористам“. Исто така, тој го убедувал својот цимер да избрише „инкриминирачки пораки“ и да молчи пред полицијата.

Обвинителот Џеф Греј ги наведе отежнувачките околности, меѓу кои фактот дека нападот бил извршен поради политичките ставови на Кирк, како и тоа што деца биле присутни и сведочеле на убиството.

Чарли Кирк (31), близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше смртно застрелан во вратот минатата среда за време на митинг на Универзитетот во Јута Вали.

Робинсон е во притвор без можност за кауција од моментот на неговото апсење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран