УТРО.мк

Нови цивилни жртви во Газа – меѓу загинатите и осум деца

Нови цивилни жртви во Газа – меѓу загинатите и осум деца
Vero

Бројот на загинати во израелската воена офанзива во Појасот Газа се искачи на 66 лица, откако израелски воздушен напад утрово погоди група цивили во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава.

Според изјавата на Мохамед ал-Мугаир, претставник на службата за итни случаи, во нападот животот го загубиле 17 лица, меѓу кои и осум деца.

Израелската армија потврди дека нападот бил насочен кон припадник на елитната единица Нухба на Хамас, за кого тврдат дека бил вмешан во нападите врз израелски цивили на 7 октомври 2023 година. Армијата изрази жалење за, како што наведоа, „сите цивилни жртви“ и нагласи дека прави сè што е во нејзина можност за да го намали бројот на невини жртви.

Во врска со останатите инциденти пријавени од палестинските служби, израелската војска не даде коментар. Ниту еден од наводите не можеше независно да се потврди.

Ситуацијата на теренот останува крајно тешка, со сè поголем број цивилни жртви и загриженост за хуманитарната состојба во енклавата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран