УТРО.мк

Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го номинирал претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир. Како што јавува ABC News, Нетанјаху лично му ја предал копијата од писмото за номинација на Трамп за време на нивната средба во Белата куќа, непосредно пред заедничката вечера.

– Тој создава мир додека разговараме, во една земја по друга, во еден регион по друг. Господине претседателе, сакам да ви го предадам ова писмо – номинирани сте за Нобелова награда за мир. Го заслужувате тоа – му се обратил Нетанјаху.

На вечерата во Белата куќа присуствувале и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

Номинацијата доаѓа во чувствителен момент, додека траат преговори за можно примирје меѓу Израел и Хамас. Станува збор за предлог-спогодба за 60-дневен прекин на огнот, чија реализација би била клучна за деескалација на судирот во Појасот Газа.

Минатата недела Трамп изјави дека Израел го прифатил предлогот, додека Хамас, според наводи на посредниците, испратил „позитивен одговор“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран