УТРО.мк

Нападот со „Орешник“ ја разгоре тензијата: Украина обвинува за намерен удар врз цивили

Нападот со „Орешник“ ја разгоре тензијата: Украина обвинува за намерен удар врз цивили
Vero

Безбедносната служба на Украина соопшти дека рускиот ракетен напад со системот „Орешник“ врз регионот Лавов го третира како воено злосторство, наведувајќи дека цел била клучна цивилна и енергетска инфраструктура во близина на границата со Европската Унија.

Од БЗУ информираат дека нападот бил извршен во момент на нагло влошување на временските услови, што, според украинските власти, дополнително ја зголемило опасноста за цивилното население. Службата објави и фотографии од остатоци од ракетата „Орешник“ на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека во текот на ноќните напади врз Киев биле оштетени вкупно 40 објекти, од кои 20 се станбени згради. Тој нагласи дека, покрај главниот град, погодени биле и регионите Лавов, Киев, Кировоград и Черкаси.

„Целта на непријателот е да остави милиони луѓе без струја, греење и вода среде зима. Ова е намерен терор врз цивилите“, изјави Клименко, додавајќи дека штетите во главниот град се особено тешки.

Според официјалните информации, Русија ја нападнала Украина со комбинација од беспилотни летала и ракети. Во Киев загинале четири лица, а 25 се повредени, од кои 16 биле префрлени на болничко лекување.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран