УТРО.мк

НАЈНОВА ВЕСТ: Авион со 242 патници се урна веднаш по полетувањето

НАЈНОВА ВЕСТ: Авион со 242 патници се урна веднаш по полетувањето
Vero

Се урна индиски патнички авион со 242 патници – сè уште нема информации за жртви

Патнички авион на „Air India“, лет AI171, утрово доживеа несреќа во близина на аеродромот во Ахмедабад, непосредно по полетувањето. Според првичните информации, авионот од типот „Boeing 787-8 Dreamliner“ превезувал 242 патници, но за сега нема официјална потврда за бројот на настрадани или повредени лица.

Инцидентот се случил под засега неразјаснети околности, недолго откако леталото се одвоило од пистата. Индиските надлежни институции сè уште не излегоа со официјално соопштение, но на местото на несреќата се упатени спасувачки екипи кои спроведуваат итна акција за пребарување и евакуација на евентуално преживеани.

Летот AI171 бил меѓународен и, според редовниот распоред, најчесто сообраќа на релации кон европски дестинации.

Се очекува Агенцијата за цивилно воздухопловство на Индија, како и авиокомпанијата Air India, во текот на денот да излезат со повеќе информации околу причините за несреќата и можниот биланс.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран