УТРО.мк

Израел со години ја подготвувал тајната операција во Иран: Беспилотни летала, тајна база во Иран, командоси и саботажи во срцето на земјата

Израел со години ја подготвувал тајната операција во Иран: Беспилотни летала, тајна база во Иран, командоси и саботажи во срцето на земјата
Vero

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и разузнавачката агенција Мосад со години ја подготвувале комплексната операција насочена против нуклеарната и ракетната програма на Иран, потврди висок безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“. Операцијата опфатила тајна изградба на база за беспилотни летала на иранска територија, шверцување на системи за прецизно оружје, како и инфилтрација на командоси на Мосад длабоко во земјата.

Според официјалните информации, агенти на Мосад воспоставиле тајна база во близина на Техеран. Во текот на ноќта, од таму биле активирани беспилотни летала кои прецизно погодиле ирански ракетни лансери од типот земја-земја, кои биле насочени кон цели во Израел.

Во паралелна операција, израелските служби успеале да прошверцуваат возила со напредни системи за оружје на иранска територија. Овие системи одиграле клучна улога во неутрализирањето на иранската воздушна одбрана, овозможувајќи им на израелските воени авиони да воспостават целосна воздушна супериорност над регионот.

Третиот сегмент од операцијата опфатил тајно распоредување на командоси на Мосад во централен Иран, во близина на стратегиски позиции на противвоздушната одбрана, вооружени со прецизни ракети.

Израелски функционери ја опишуваат операцијата како резултат на „револуционерно размислување, смело планирање и хируршки прецизна употреба на напредни технологии и специјални единици, кои успешно делувале во самото срце на Иран, целосно избегнувајќи го радарот на локалните безбедносни и разузнавачки служби“.

Претходно беше објавено дека Мосад спровел серија саботажни акции врз иранските системи за воздушна одбрана и ракетни објекти, кои се совпаднале со масовни воздушни напади на повеќе локации низ Иран.

Новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, за CNN изјави дека, според извор во израелската влада, Мосад спровел неколку тајни операции насочени токму кон уништување на иранските капацитети за воздушна одбрана и ракети со долг дострел.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран