УТРО.мк

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија
Vero

Најмалку 10 лица загинале во судир на два брзи воза на железничката линија што го поврзува Мадрид со Андалузија, според првичните информации што ги пренесува „Слободен печат“, повикувајќи се на Ројтерс. Спасувачките екипи се на терен, а постои стравување дека бројот на жртви може да се зголеми.

Несреќата се случила малку по девет часот наутро, на делницата меѓу Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо. Според објавените податоци, во едниот воз имало 146, а во другиот 397 патници.

Шпанскиот управител на железничката инфраструктура Адиф соопштил дека сообраќајот на брзата линија Мадрид–Андалузија е прекинат по судирот.

„Ел Паис“, повикувајќи се на очевидци, објавил дека има голем број повредени и дека два вагона излетале од шините и се стркалале по насипот. На местото се испратени екипи за итна помош и спасување.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изразил потресеност од несреќата и сочувство до семејствата на загинатите. Тој навел дека е во постојан контакт со министерот за транспорт и со претседателот на Кастиља-Ла Манча, додека службите работат на помош на настраданите.

Причините за судирот засега не се познати. Бројките за загинати и повредени се првични и може да се менуваат додека трае спасувачката операција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран