УТРО.мк

Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи

Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи
Vero

Недостаток од 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис е утврден при контрола во правно лице во селото Борисово, општина Ново Село. За оваа количина компанијата немала соодветна документација и покритие, информираат од полицијата.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правното лице и неговиот управител В.К., од селото Ново Село, со престој во Струмица, поради сомнение за кривични дела според член 95-в, ставови 1 и 2, од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Контролата ја спровеле полициски службеници од СВР Струмица и членови на надлежната комисија при Министерството за здравство, во просториите каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис.

Покрај недостатокот на канабис, биле утврдени и недостатоци во документацијата за ангажираниот кадар, како и отсуство на друга задолжителна документација.

Во соопштението не е наведено што се случило со количината што недостига.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран