УТРО.мк

Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!

Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!
Vero

Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во скопската општина Ѓорче Петров, според неофицијалните информации на 4NEWS.

Ова е трето апсење во врска со двата случаи, откако претходно денеска беше објавена информација за приведување на едно осомничено лице. 

Во Ѓорче Петров, во период од пет дена, беа пронајдени починати 62-годишен маж и 76-годишна жена, двајцата со видливи траги од насилство. Жената беше пронајдена утрово во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“, додека случајот со мажот беше пријавен на 22 октомври.

Од надлежните институции се очекуваат детали за основите на сомнежот и евентуалната улога на секое од приведените лица во двата случаи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран