УТРО.мк

Повреден полицаец, засилени безбедносни мерки во Србија – Напад пред Амбасадата на Израел

Повреден полицаец, засилени безбедносни мерки во Србија – Напад пред Амбасадата на Израел
Vero

Малолетник вооружен со два ножа нападнал припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел во Белград, по што полицаецот употребил огнено оружје и го усмртил. Српските власти го квалификуваа настанот како терористички напад и го подигнаа нивото на опасност од тероризам на црвен степен.

Според министерот за внатрешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, нападот се случил околу 00:15 часот. Идентитетот на напаѓачот сè уште се утврдува, а постои сомневање дека потекнува од Шабац.

Дачиќ изјавил дека малолетникот се нафрлил врз полицаецот со два ножа, извикувајќи „Алаху акбар“. Според неговите наводи, припадникот на Жандармеријата употребил оружје во самоодбрана.

Полицаецот се здобил со полесна повреда — исеченица на лицето. Од српското МВР соопштиле дека е во добра здравствена состојба и се очекува да биде пуштен на домашно лекување.

Воведувањето црвено ниво на закана подразбира засилено полициско присуство и контроли кај дипломатските претставништва, инфраструктурните објекти и на места каде што се собираат поголем број граѓани.

Дачиќ навел и дека безбедносните служби претходно го следеле напаѓачот поради информации за можна поврзаност со Исламската држава. Според него, на неговиот профил на Инстаграм имало обележја поврзани со организацијата. Овие наводи се дел од информациите што ги изнесуваат српските власти.

Истрагата продолжува за утврдување на идентитетот на напаѓачот и сите околности на случајот. Повредениот полицаец го посетиле Дачиќ и директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран