УТРО.мк

Министерот за национална безбедност на Израел побара целосно уништување на Палестинската управа

Министерот за национална безбедност на Израел побара целосно уништување на Палестинската управа
Vero

Министерот за национална безбедност на Израел, Итaмар Бен Гвир, утрово побара целосно уништување на Палестинската управа, јавуваат локалните медиуми.

„Ќе се обратам до премиерот со барање на следната владина седница да се донесат итни оперативни мерки за целосно разбивaње на Палестинската управа“, напиша Бен Гвир на социјалната мрежа „X“.

Тој додаде дека ова треба да биде одговор на „терористичките фантазии на Абу Мазен (Махмуд Абас) за ‘палестинска држава’ — целосно уништување на терористичката власт што тој ја води“.

За разлика од министерот за финансии Безалел Смоторич, Бен Гвир не го оспори владиниот план за масовна евакуација на населението од Пojaсот Газа, кој беше одобрен на последната владина седница. Тој лично добил ветување за покренување на овој процес.

Извори блиски до Бен Гвир тврдат дека „одлуката за евакуација на милион жители од Газа е исклучително важна и дека подобро е што е донесена доцна, отколку воопшто да не биде донесена“. Тие додаваат дека „пораките на началникот на Генералштабот се непотребни, бидејќи Газа може да се заземе за неколку недели“.

Соработниците на Бен Гвир нагласуваат дека министерот ќе се заложи владата да ја спроведе оваа одлука без одлагање и да не се попречува со парцијални договори.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран