
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес повика Европа да стане технолошки независна од САД, истакнувајќи дека трансатлантските односи се менуваат и дека старите модели веќе не можат да го водат континентот напред.
Во говор пред политички и бизнис лидери во Франкфурт, Мерц рече дека носталгијата по „добрите стари времиња“ е непрактична и дека Европа мора да гледа кон иднината. „Никој не жали повеќе од мене за тоа што се менува, но сеќавањата сами по себе не ни помагаат да напредуваме“, додаде тој.























